Аеродром го надмина Чаир по бројот на заразени од Ковид-19

Општина Аеродром го помина Чаир во однос на заболени од Ковид 19, покажуваат последните податоци на Министерсвото за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 од кои во Скопје има 46, па во моментот има 2.191 активен случај на заразен со корона вирусот, од кои најголемиот дел се од Скопје, односно 744.

По општини, пак, се забележува пад на бројот на заразени, бидејќи до неодамна, со недели надминуваа над 100 заболени. Сега, општина Аеродром е општината со најголем број заразени, а досега тоа беше општина Чаир.

• Чаир – 90
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 103
• Карпош – 80
• Центар – 78
• Кисела Вода – 85
• Ѓорче Петров – 40
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 28
• Сарај – 22
• Арачиново – 14
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4

Треба да знаете
Последни објави