Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со претседателот на Стопанската комора на Северопзападна Македонија, Неби Хоџа.
Министерот Бектеши им порача на претставниците од Стопанската комора на Северозападна Македонија дека Министерството за економија и Владата и во наредниот период низ процес на дебата,транспарентно и со редовна консултација со бинзис секторот ќе креираат нови мерки за поддршка на стопанството.
“Разговаравме за динамиката на реализација на економските мерки. Комисијата во Министерството за економија ги разгледува апликациите од скоро 800 компании кои што пристигнаа на јавниот повик од мерката за финансиска поддршка за компании кои инвестирале во време на Ковид 19. Економскиот тим на вледата во моментов работи на Четвртиот пакет мерки кои што пред да ги објави ќе ги достави до Стопанските комори. Сега имаме подобра слика и поголема предвидливост на состојбите во економијата, но неопходно е да бидеме во засилена комуникација со бизнис секторот со цел мерките за поддршка на економијата кои планираме да ги донесеме со Четвртиот пакет мерки, на кој интензивно работиме е да бидат во корелација со реалните потреби и очекувања на бизнис заедницата“ истакна министерот Бектеши.
Неби Хоџа од Стопанската комора на Северозападна Македонија до министерот Бектеши достави низа предлог мерки во насока на подобрување на бизнис климата, но и мерки за поддршка на компаниите погодени од здравствено-економската криза.
„На овој состанок ги презентиравме нашите приоритети како Стопанска комора на Северозападна комора. Тие се пред се во делот на реформи во институциите, мерките за закрепнување на економијата, економскиот стабилен сектор кој треба да се потикнува за да ја задржи економијата жива, но и мерките кои е неопходно да се превземат со цел надминување на кризата предизвикана од Ковид 19“ истакна Хоџа.
Во духот на подобрување на соработката помеѓу Министерството за економија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, беше договорено да биде назначен еден претставник во бизнис секторот како посебен советник на министерот Бектеши за подобрување на комуникацијата при креирање на нови мерки за бизнисот.