Македонскиот картинг шампион во класата до 10 години, Петар Богатиновски, повторно е на картинг патеките. После големата пауза поради Ковид-19 кризата, на 5 септември, в сабота, ќе се трка на патеката „Ада Хуја” во Белград.
Оваа трка ќе се бодува за Централно-Европската зона. Петар ќе настапи во класа 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години.
Богатиновски досега настапуваше во класа 1, која е за учесници до 10 години.
Петар Богатиновски е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, a 2018 е европски вицешампион во неговата категорија.
Ова е четврта трка годинава, но за Македонецот ќе биде прв настап поради пандемијата.