Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски денеска ќе извршат увид во изградбата на социјалната зграда во општина Бутел.
Станбената зграда ќе има 312 станови наменети за социјално ранливи категории граѓани во општина Бутел. Инвестицијата, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, е вредна 7, 1 милион евра.
Оваа зграда е дел од проектот за изградба на социјални станови. Во моментов се градат вкупно 506 станбени единици во Бутел, Пробиштип, Виница, Неготино и Свети Николе.