Во една јапонска област, луѓето во потрага по внатрешен мир и подобро здравје медитираат под водопад во будистички храм.
Учесниците на ритуалот прво облекле бели униформи, а потоа се испрскале со вода и сол за симболично да се прочистат пред да поминат под ледениот водопад.
Овој вид медитација, познат како такигио, се практикува под вода која има температура од само 10 Целзиусови степени.
Овој вековен обичај повторно стана популарен бидејќи Јапонците се обидуваат да го ублажат стресот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.
Кунио Ичикава, организаторот на настанот, смета дека медитацијата е одлична за постигнување концентрација, рамнотежа и мир на умот во неизвесни времиња, како што е пандемијата. Тој исто така додава дека меѓу учесниците има луѓе од сите возрасти.