Негативни се резултатите на сите 1.820 тестови за Ковид-19 направени во грчкиот Парламент, како на вработените, така и на 180 од вкупно 300 пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, според грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека резултатите покажуваат дека „пратениците, службениците и собраниските новинари беа внимателни за време на нивните летни одмори”.
Од друга срана, тројца министри од грчката Влада се во самоизолација, откако биле во контакт со лице позитивно на Ковид-19, додека пак објектот на Министерствата за финансии и за развој, како што објави АНА-МПА, денеска бил испразнет за да се дезинфицира и одново ќе биде во функција во понеделник.
Министрите за поморство и за развој, како и алтернативниот министер за развој на Грција се превентивн во самоизолација по вчерашната средба со странски инвеститори, од кои еден, утрово било потврдено дека е позитивен на Ковид-19.