Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните на изборите кои се случија пред неполни 2 месеци му ја дадоа довербата на Зоран Заев а со тоа и мандатот да продолжи да ја води државата напред.
Исто така, граѓаните го казнија деструктивниот Мицкоски и го оставија поразен во опозиција.
Гласот на секој граѓанин е глас за одбрана од коронавирусот, глас за новата македонска економија, за нови и добро платени работни места, за правна и праведна држава, за чиста и здрава животна средина, за функционална инфраструктура, за ефикасно поврзување дома и со светот, за силна национална култура по угледот на европската и за образование, кое младите генерации ги подготвува за подобра сегашност и подобра иднина.
Има време ВМРО-ДПМНЕ, 4 години во опозиција нека учат што значи да се работи во интерес на граѓаните, што е суштината на мандатните писма, што значи да се има утврден план, мисија и задачи за работа.