Во изминатите 24 часа во Австрија е забележано драстично зголемување на бројот на новозаразени лица чиј број изнесува 403.
Од тој број, дури 203 се регистрирани во Виена.
На второ место е покраината Долна Австрија со 60 нови случаи, Тирол со 56, Штаерска со 30, Горна Австрија со 29.
Во моментов во Австрија има 3.415 активни пациенти, од кои 157 се хоспитализирани, а 30 се на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 28.201 лице биле тестирани позитивно на коронавирусот, а 23.820 биле излекувани.
Досега, австриските власти спроведоа 1.210.568 тестови за коронавирус.