Околу 270.000 тони нафта би можеле да се излеат во океанот откако кај југоисточниот брег на Шри Ланка, избувна пожар на танкер за нафта регистриран во Панама, изјави за агенцијата ДПА воен претставник од Шри Ланка.
Пожарот бил предизвикан од експлозија во делот каде што е сместен моторот на бродот, во четвртокот наутро по локално време, а попладне сè уште не бил ставен под контрола, изјави портпарол на морнарицата.
„МВ Дајамонд“ пловел на релација од Кувајт до Индија кога се случила експлозијата и избувнал пожарот, додаде портпаролот.
На бродот имало 23 члена на екипажот, од кои 22 се спасени, а има најмалку двајца повредени.
Се претпоставува дека исчезнатиот член на екипажот починал во просторијата каде избувнал пожарот, изјави портпаролот.
Шри Ланка испрати три поморски бродови и хеликоптер за помош.