Ракитиќ и поскаува добра сезона на Барса, ама верува дека Севијла ќе биде подобропласирана

Иван Ракитиќ по шест години минати на „Камп Ноу“ ја напушти Барселона, а денеска ја имаше промоцијата во старо-новиот клуб Севилја. Клубот од „Санчез Писхуан“ за враќањето на својот поранешен играч  издвои 1.500.000 евра, но ќе треба да плати уште 9.000.000 евра, доколку во наредните две сезони Севилја избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.

Дебито на Ракитиќ во дресот на Севилја ќе го има на 24 септември против Баерн Минхен во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот ќе се одигра во Будимпешта.

Хрватскиот репрезентативец во периодот од 2011 до 2014 година за Севилја одиграл 149 натпревари.

-Се надевам дека Барселона ќе има добра сезона, но дека ние ќе завршиме пред нив во сите натпреварувања, порачал Ракитиќ.

Севилја реши да го ангажира Ракитиќ откако од клубот си замина Аргентинецот Евер Банега.

Треба да знаете
Последни објави