Тања Савиќ минува низ тешка животна драма откако нејзиниот сопруг Душан ги однесе нивните синови во Австралија, додека таа се обидува на секој начин да ги контактира и слушне.
Неодамна беше откриено дека нејзиниот сопруг наводно ја уценува со експлицитно секс видео, а сега пејачката реши да патува во Австралија и да се обиде и да се бори за децата.
За тоа и треба финансиска помош.
“Да не беше короната и целата ситуација што се случи со парите, ќе бев таму одамна. Јас не сум некој што практикува молење за помош, но сум принудена да соберам пари за да заминам во Австралија што е можно поскоро”, изјави Тања.
„Би ги замолила сите колеги кои се во можност да ми позајмат пари. Ќе ја вратам целата сума од настапите“…
Преземено од Вистина.мк