Турција најави руски маневри во источниот дел на Средоземното Море

Среде растечките тензии меѓу Турција и Грција, од Анкара беше најавено дека руската морнарица ќе одржи маневри со боево гаѓање во источниот дел на Средоземното Море.

Турција и Грција се расправаат околу правото на експлоатација на поморски наоѓалишта на јаглеводородни и фосилни горива.

Во официјалното соопштение се вели дека руските поморски сили ќе одржат маневри во периодот од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во источниот дел на Средоземното Море каде што се движат турски истражувачки бродови.

Официјална Москва досега не ја коментираше турската најава што следеше откако САД објавија дека делумно ќе го укинат 33-годишното ембарго за извоз на оружје на етнички поделениот Кипар.

Со оглед на тоа дека Русија одржува значително воено присуство на истокот на Средоземното Море, најавата на Турција за претстојните маневри може да се толкува како директна порака од Москва дека сепак е најсилната регионална сила која не подлежи на ризик од делумно укинување на американското ембарго на Кипар.

Треба да знаете
Последни објави