За да се прими дете во градинка мора да се донесе потврда дека двајцата родители се во работен однос. Во моментов градинките можат да прифатат 19.000 деца, пријавени се над 14.000. Апелирам до родителите доколку имаат кој да го чува детето да не зафакаат место на некој кој нема каде да го згрижи- вели Министерката за труд и социјала Јагода Шахпатска.