Скопскиот градоначалник Петре Шилегов бара наместо општините, градот да ги преземе инспекциските служби во Скопје за да спречи диво градење како во случајот „Мавровка“.
Има премногу простор за институционален пинг-понг – рече Шилегов за Сител.
– Ние сега за жал немаме градежна инспекција и немаме надлежност за дивоградби како „Матка“, „Мавровка“, „Кале“. На општините треба да им се одземе инспекцијата, санкционирањето мора да биде под град Скопје – рече Шилегов.