Џејмс: Харден може да ни даде 60 поени

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го дозна својот противник за полуфиналето на Западната конференција. Лејкерси ќе се соочат со опасната петорка на Хјустон Рокетс, а лидерот на тимот од Калифорнија, Леброн Џејмс призна дека неговиот тим треба да посвети посебно внимание на своите постапки во одбраната против sвездите на „ракетите” – Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

– Во првото коло се соочивме со двоглавото чудовиште на Портланд во лицето на Си Џеј и Лилард, а сега пред нас е уште еден – Вестбрук и Харден. Брзината и атлетичноста на Рас се меѓу најдобрите во Лигата, ако не и најдобри. Џејмс има квалитет да реализира тројки без проблем, и тој исто така може лесно да ги пронајде своите соиграчи. Тој е во можност да ни даде 60 поени, ако му тргне. Треба да бидеме многу внимателни со него, бидејќи има скоро совршен шут од слободни. Нивниот тим е добро избалансиран, изјави Џејмс за Рокетс во видео интервју за „Спектрум Спортс Нет”.

Леброн го пофали и својот соиграч Ентони Дејвис.

– Досега тој одигра само 13 натпревари во својата кариера во плејофот. Не знам точно колку сум учествувал јас, но сигурно е многу повеќе од 13. Сепак, тој покажува дека може да стори апсолутно се како во нападот, така и во одбрана на теренот. Тој нема слабости во својата игра. Тоа е луксуз не само за мене, туку и за тимот како целина. Имаме среќа што имаме таков талентиран играч. И тој има само 27 години, тој е неверојатен, рече Брон на Еј Ди.

Натпреварот бр.1 помеѓу Л.А. Лејкерс и Хјустон Рокетс е во сабота наутро во 03:00 часот по македонско време.

Треба да знаете
Последни објави