Алушовски: Момците се родени победници

Вардар во недела ќе ја брани титулата во СЕХА лигата против Веспрем, откако во второто полуфинале на фајналфор турнирот во Задар по подобро изведување на седмерци го победи ППД Загреб.

Вардарци во текот на средбата имаа негатива од шест гола, но успеаја да најдат сили да се вратат и на крајот да слават, по што тренерот Стевче Алушовски на прес конференцијата по натпреварот порача дека неговите ракометари се родени победници.

-Добро ја отворивме средбата додека имавме свежина во нападот, додека Дисингер беше во полна сила, но наместо да одиме на поголема разлика, ние грешевме и екипата се блокираше. Загреб навистина беше подобар противник во 57 минути. Меѓутоа овие момци се родени победници. Во последните 10 минути конечно одигравме подобро во одбраната, Борко Ристовски фати неколку топки кои беа клучни. Знам дека е тешко да се загуби ваков натпревар, но на ракометарите на Загреб можам да им честитам на храбриот пристап и на одличната игра, изјави Алушовски.

Треба да знаете
Последни објави