Поранешната пратеничка Силвана Бонева на Фејсбук реагира на обвинението кое против нејзе беше поднесено за случајот „Друмарина“. Таа истакнува дека политичкиот прогон продолжува преку неосновано обвинение кое е засновано на лаги и шпекулации.
-Очигледно е дека Обвинителството воопшто не ги зело во предвид вештачењето и доказите што ги доставив, со кои се побива нивното обвинение. Борбата за вистината и правдата ќе ја водам до крај, ако треба и надвор од македонските институции, со цел оваа тортура и валкање на моите чест и углед да престанат!, вели Бонева.
https://www.facebook.com/silvanaboneva/posts/10223315459579685?__cft__[0]=AZUjDM2ymmu7WUnnouS-fbG_kgrM0dHLzPM1pEOXqtmbVrLSMhntFbT5gpzOVpuVA2ujvz8NHqjzjes0E5_laNWj3_czIR3Sy0D2qUvPaL-PxsK0jrPC1zqa5sXxZVREZz4&__tn__=%2CO%2CP-R