На 6-ти септември пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски, со старт во периодот од 8:30 до 9:45, ќе се одржи Авицена Женска трка. Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје. Учесничките ќе трчаат трка од 3км. Веднаш по стартот на трката се трча лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што се врти десно и се влегува во Градскиот Парк каде што патеката ќе биде означена со конуси, траки и на одредени места ќе има волонтери коишто ќе ги насочуваат учесничките за правецот на трчање. Целта ќе биде во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина. Патеката за трчање ќе биде обезбедена и обележана, а на 1,5 км ќе има поставено и контролна точка за чиповите. За таа цел, во периодот од 8:00 до 10:00 часот, ќе има воведено привремен и ограничен режим на сообраќај на улиците околу СЦ Борис Трајковски и хотелот Александар Палас.