Баша и Круемади по средбата со Мета: Значајно е да се спроведат слободни и демократски избори

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љузљим Баша, по средбата со претседателот Илир Мета, изјави дека повеќето Албанци сакаат избори денес, а не утре, бидејќи според него, тие се заморени од пропагандата, неуспесите и измамите на владата.

Додава дека на албанските граѓани итно им се потребни работни места, деловни активности, лекари, на земјоделците им е потребен пласман, а на производите, на младите образование и вработување, на пензионерите реални зголемувања на пензиите.

Според него многу е значајно да се спроведат слободни и демократски избори.

-Значи, апсолутното мнозинство на Албанците бара избори денес. За нас е важно процесот да биде слободен и демократски. Затоа сакам да завршам со зборовите на Мајка Тереза: „Вчерашнот ден помина, утрешниот се уште не е дојден, затоа да почнеме да работиме за денес, рече Баша,кој на средбата со Мета беше заедно со Оерд Булукбаши,

Лидерката на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на Мета, на средбата беше заедно со генералнот секретар на партијата Ендрит Брахимлари.

По средбата, таа изјави дека став на партијата е дека изборите требало да се одржат пред две години, додавајќи дека датумот не е многу битен,туку дека е многу битно изборите да бидат сеопфатни, слободни и демократски.

-Денешната е една од моите ретки посети на претседателската резиденција како лидер на партија. Раководството на партијата одлучи да дојдам затоа што е еден од најважните денови.Јасно му ставивме до знаење на претседателот дека нашата партија ќе го почитува секој негов указ и ќе учествува на секој изборен процес од кој ќе произлеле европска влада, рече Круемади.

Додаде дека со стотици студенти ја напуштаат земјата поради сираштијата, дека во болниците има недостиг на лекари и медицински сестри,затоа „колку побрзо се одржат изборите толку подобро”.

-Потребено ни е едно соборување за да изградиме нов систем.Најголемата гаранција е моќта што Албанците ја имаат за промени, посочи Круемади.

Шефот на државата претпладнето ги почна консултаците со партите за одредување датум за одржување на парламентарните избори следната година.

Претходно Мета куса, десетминутна средба имаше со Еди Рама лидер на Социјалистичката партија и актуелен прмиер, кој му кажал дека „неговата партија и сојузниците се подготени за било кој датум за избори, освен 2 мај кога се паѓа православниот Велигден”.

Мета имаше средба и со лидери и претставници на повеќе помали опозицски партии, при што неколку од нив како датум за избори го споменале 18 април.

Според Уставот Мета треба да одреди датум за следните паламентарни избори меѓу 15 април и 16 мај 2021 година.

Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните, во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама.

Треба да знаете
Последни објави