Бонева: Дали ЈО има отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение?

Поранешната пратеничка Силвана Бонева на Фејсбук реагира на обвинението кое против нејзе беше поднесено за случајот „Друмарина“.  Таа истакнува дека политичкиот прогон продолжува преку неосновано обвинение кое е засновано на лаги и шпекулации.

-Очигледно е дека Обвинителството воопшто не ги зело во предвид вештачењето и доказите што ги доставив, со кои се побива нивното обвинение. Борбата за вистината и правдата ќе ја водам до крај, ако треба и надвор од македонските институции, со цел оваа тортура и валкање на моите чест и углед да престанат!, вели Бонева.

https://www.facebook.com/silvanaboneva/posts/10223315459579685?__cft__[0]=AZUjDM2ymmu7WUnnouS-fbG_kgrM0dHLzPM1pEOXqtmbVrLSMhntFbT5gpzOVpuVA2ujvz8NHqjzjes0E5_laNWj3_czIR3Sy0D2qUvPaL-PxsK0jrPC1zqa5sXxZVREZz4&__tn__=%2CO%2CP-R

Уште од самиот почеток на овој театар наречен СЈО кажав дека ова е политички реваншизам и обид за јавно линчување на дел од поранешното раководство на ВМРО, со цел дискредитирање на Партијата и раздор во единството и сплотеноста на членството, до нејзино комплетно разнебитување.
Зарем мислите дека ако имаше било каков криминал од моја страна дека јас немаше досега да бидам осудена?! Спротивно на законот 2.5 години ја влечеа истражната постапка и не успеаја да најдат апсолутно ништо незаконско и сега и покрај истекувањето на законскиот рок за поведување на постапка, тие продолжуваат!
Во деновите што следат, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ќе поднесам барање до обвинителството за тоа дали по допрен глас, пишување на медиуми или кривични пријави, имаат отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение, во која фаза се наоѓат тие и дали имаат поднесено обвинение против некој друг пратеник?
Треба да знаете
Последни објави