Денеска во Задар стартува деветтиот завршен турнир во регионалната машка ракометна СЕХА лига. Актуелниот шампион во регионалното натпреаврување Вардар (20.30 ч) ќе излезе на мегдан во полуфиналето со хрватскиот ППД Загреб, а во воедниот меч од 18.00 часот унгарскиот Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе игра против белорускиот Брест Мешков.
Вардар има можност да се избори за своето петто последователн финале, или вкупно осмо во деветте изданија од ова натпреаврување. Само во сезоната 2014/15 „црвено-црните“ не го поминаа полуфиналниот дуел и не играа за победничкиот пехар.
Во последните две години овие два тима се сретнуваа во големото финале, и во двата меча беа подобри „црвено-црните“ со 26:24 (Скопје) и 26:23 (Брест).
Вардар има два порази од ППД Загреб на завршните турнири, во 2013 година во финалето одржано во СЦ „Борис Трајковски“ со 25:24, а во 2015 година во борбата за третото место во Веспрем (26:23).