Во Србија 96 новозаразени со коронавирус и тројца починати

Според официјалните податоци, уште три лица починаа како резултат на коронавирус во Србија така што вкупниот број на жртви се зголеми на 721, објави српското Министерство за здравство на веб-страницата covid19.rs.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 10.833 лица биле тестирани за коронавирус, а регистрирани се 96 нови случаи.

Стапката на смртност е 2,27 проценти.

Треба да знаете
Последни објави