Вренези добитник на наградата „8 Септември” за исклучителен придонес во развој на спортот

Љуљзим Вренези е добитник на наградата „8 Септември” што се доделува  за исклучителен придонес во развој на спортот, афирмација и промоција на државата на меѓународен план за 2020 година.

Наградата со која што се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварување во областа на спортот се доделува на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорѓи Вучков.

Свечено доделување на државната награда „8 Септември” ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието на  Република Северна Македонија на 8 септември во 11 часот.

Треба да знаете
Последни објави