Габер-Дамјановска: Пред еден час ќе бев мртва, ќе ме изгазеше најбрутално на пешачки премин

Директорката на Академија на судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска на својот Фејсбук  профил објави денешна случка од скопските улици, во која за влакно избегнала смрт, пренесе порталот „АКО.мк“.

-Драги ФБ пријатели, морам да ви соопштам дека пред еден час ќе бев МРТВА! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој ПРЕТЕКНУВАШЕ други возила со огромна брзина на самиот ПЕШАЧКИ пред молот Рамстор. Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, спорниот, нестрплив, ги претекнуваше како да се наоѓа на авто трки. Да не изреагирав брзо да избегам ќе беше фатално, за влакно го доптретрчав преминот и се спасив, шинувајќи си ја ногата. Црвено возило, ново, скопска регистрација со бројот четири на регистрацијата и можеби тројка. Толку бев во шок (и сѐ уште сум) што не успеав да видам добро други карактеристики-пишува Габер-Дамјановска.

Таа апелира да аму се стави крај на ваквото возење.

,,Како граѓанин барам најстроги казни за брзо возење и да се постават камери, казните без пардон да се извршувааат“-вели Габер-Дамјановска.

,,Денес јас преживеав, друг ден, друго лице можеби не. Доста со неизживеани и примитивни. А, да, и да се стави СЕМАФОР таму, кај ДВАТА пешачки премина, бидејќи навистина е небезбедно. Не треба да се случи нешто несакано за да се интервенира. Превенција!“предупредува таа.

Наташа Габер Дамјановска всушност реагира на една постојана состојба на улиците во Скопје во отсуство на било каква контрола од страна на полицијата и органите на редот и мирот.

Треба да знаете
Последни објави