Димков не присуствувал на состанок во Собранието на кој се разговарало за насилство во парламентот

Трајко Димков, поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денес сведчеше дека не присуствувал на состанок во Собранието на кој се разговарало за насилство во парламентот.

Дали сте присуствувале на седница на Собранието која била прекината, а од една точка на дневниот ред без да биде исцрпена расправата се преминало на друга, праша адвокатот на обвинетите.

Димков на тоа одговори дека не се случило такво нешто.

– Искрено да ви кажам дека почесно и поделовничко водење на Собранието немало. Тоа што го покажа Трајко Вељаноски во стручно и професионално водење на Собранието треба да биде пример и за другите – одговори Димков на прашање на адвокатот Еленко Миланов дали Вељаноски го прекршил Деловникот.

Димков одговори негативно и на прашањата дали добивал инструкции и пораки од обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристевски да го мобилизира членството и да тргнат кон Скопје.

– Ние учествувавме како поддршка на граѓаните кои тоа го бараат од нас. Партијата не беше вмешана во тоа – рече Димков на прашање поврзано со протестите на „За заедничка Македонија“.

 

Треба да знаете
Последни објави