Иницијативниот одбор ги демантира ставовите на Богојевски

Иницијативниот одбор ги демантира ставовите на Петар Богојевски изнесени во Слободен печат во текстот насловен „Фингиран или реален судир за партискиот трон во ВМРО-ДПМНЕ”.
Иницијативата за одржување на вонреден конгрес за избор на ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ е искрен обид за спас на партијата, нејзино реформирање и враќање на победничките патеки.
Какво е влијанието на Мартин Протугер врз Христијан Мицкоски не можеме да кажеме, но тоа што можеме со сигурност да потврдиме е дека тој не се придружи на иницијативата со која што се побара одговорност и оставка од сеуште актуелниот претседател Мицкоски. Можеби Протугер стои зад Мицкоски и го поддржува да опстои на функцијата смислувајќи стратегии, но тоа си е исклучиво нивен меѓусебен однос. Иницијативниот одбор е составен само од мал дел од членовите на партијата кои изминатиов период се приклучија и го поддржаа барањето за промени. Никој не ја киднапирал, ниту може да ја киднапира иницијативата. Добредојдени се сите кои го споделуваат ставот дека актуелното раководство ги истроши сите кредити и дека нема капацитет да ги придобие симпатиите на јавноста. Секој обид да се фрли дамка на искрените намери на иницијативата е обид да му се помогне на сеуште актуелниот Претседател Мицкоски и да му се обезбеди уште една сигурна победа на СДСМ на наредните избори.
Треба да знаете
Последни објави