Клиперс ги растури Денвер, Торонто со звукот на сирената го урна Бостон

Синоќа во плејофот на НБА-лигата беа одиграни два натпревари. Во првиот меч на Западот, Лос Анџелес Клиперс славеше против Денвер нагетс со 120-97, додека на Истокот дербито го доби Торонто против Бостон со 104-103.

Денвер добро го отвори мечот и првата четвртина против Клиперс заврши 31-31, но ништо повеќе не можеше да покаже екипата на Никола Јокиќ бидејќи ривалот на полувреме замина со 69-51.

До крајот на третата четвртина предноста на Клиперс постојано се зголемуваше, па без проблеми го доби мечот со 23 поени разлика.

Кавај Леонард постигна 29 поени за помалку од 32 минути игра, додека Пол Џорџ имаше учинок од 19 поени, седум скока, а Маркус Морис постигна 18 поени. Најдобар кај навистина лошата екипа Нагетс беше Никола Јокиќ со 15 поени, додека Милсап постигна 13.

Торонто успеа да го добие дербито против Бостон, и тоа во самиот финиш на натпреварот, кога со звукот на сирената Ануноби успеа да постигне тројка вредна победа (104-103).

Кајл Лоури постигна 31 поен, шест скокови и осум асистенции за Торонто, додека Кемба Вокер за Бостон постигна 29 поени.

Треба да знаете
Последни објави