Србиј и Косово во Вашингтон потпишаа договор за економска соработка, кој според Александар Вучиќ, е билатерален со САД и не значи признавање на Приштина, а според Авдулах Хоти едоговорот треба да води кон меѓусебно признавање.
Освен економските поенти, од политички аспект Косово се согласило на едногодишен мораториум на барањето членство во меѓународни организации, а Србија исто така се согласила една година да се откаже од кампањата со која бара држави да го повлечат признавањето на независноста на Косово“, е една од точките од договорот.
Првата точка од договорот за економска нормализација се однесува на автопатот Белград-Приштина. Двете страни се обврзале да го применат договореното за автопатот во договорот потпишан на 14 февруари, 2020, стои во денешниот договор.
Втората точка се однесува на железничката пруга од Белград до Приштина, како и на тоа дека треба да изработат заедничка студија за изводливоста на проектот за изградба на железничка инфраструктура до пристаништата на Јадранско Море.
Потоа се наведува дека Србија и Косово заеднички ќе работат со американската Меѓународна корпорација за финансиски развој и со ЕКСИМ банка, за да може да се спроведат на дело повеќе меморандуми –за изградба на автопати и железнички траси, како и за финансиски заеми за мали и средни претпријатија и друго билатерални проекти.
Во договорот стои и дека Косово ќе се придружи на „Мини шенген“. Станува збор за заедничката иницијатива на Србија, Албанија и Македонија од 2019, за слободен проток на стоки и луѓе. Двете страни се обврзале взаемно да си ги признаат дипломите и професионалните сертификати.
Двете страни се обврзале и на диверзификација на снабдувањето со енергија. Во договорот станува збор и за религиските слободи. Се обврзале на обнова на меѓурелигискиот дијалог, заштита на верските знаменитости и на примена на судските одлуки со кои се штити Српската православна црква, како и да се продолжи со реституција на имотите на жртвите на холокустот кои немаат наследник.
Во договорот се споменуваат и исчезнатите лица. Двете страни се обврзуваат да ги забрзаат напорите за пронаоѓање и идентификација на останки на исчезнати лица.