Меси: Никогаш не би одел на суд против Барселона, тоа е клуб што ми даде сè

Лионел Меси конечно проговори за неговиот статус во Барселона и по цела недела шпекулации за продлжение на неговата кариера откако најави дека сака да и оди, потврди дека останува во Каталонија.

Тој во интервју за „Goal.com“ раскажа се, од солзите на децта кои не сакаат да си одат до неговиот однос со управата на клубот.

-Ќе останам во клубот затоа што претседателот ми рече дека единствениот начин да си одам е да ја платам клаузулата од 700 милиони евра, што е невозможно. Другата опција е да одиме на суд, но никогаш не би го сторил тоа затоа што Барселона е клуб што го сакам и тој клуб откако дојдов, ми даде сè…

…Гo информирав дека сакам да си заминам. Цела година го велев тоа. Верувам дека е време да си одам, дека на клубот му требаат нови, млади играчи, а моето време помина. Ми беше жал затоа што секогаш кажував дека сакам овде да ја завршам кариерата…

…Годинава беше тешка, се мачев на тренинзите, за време на играта и во соблекувалната. Сè ми беше тешко и почнав да размислувам за други опции. Одлуката да заминам не е поради поразот од Баерн, многу порано размислував за тоа…

…Претседателот на клубот секогаш ми велеше дека на крајот на сезоната може да одлучувам дали сакам да си заминам или да останам, но тој не си стоеше на зборот…

Меси објасни и зошто му пратил факс на клубот во кој го известува за својата одлука.

-Праќањето на факсот беше начин мојата одлука да стане и официјална, а не за да кренам само прашина или да одам против клубот“, рече Меси и додаде дека ако не го прател факсот, ќе било како ништо да не се случило.

Целото интевју може да го прочитате овде.

Треба да знаете
Последни објави