На пратеникот Никола Мицевски никој не ми кажал за план за насилство или за попречување на избор на претседател за „27 април“ .
Ниту од пратеничката група ниту од партијата, рече тој на почетокот на сведочењето, никој не му кажал или зборувал за некаков план за насилство. Ист одговор пратеникот даде и на прашањето, дали некој го информирал за некаков план да се попречи избор на претседател на Собранието.
Тој зборуваше и за протестите „За заедничка Македонија“ велејќи дека партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ немале донесено некаков став за ова движење ниту, пак, му се налагало на членството да оди на протести. Голем дел од прашањата на одбраната на Вељаноски се однесуваа и на Деловникот за работа на Собранието, преку кои сакаа да докажат дека обвинетиот претседател на законодавниот дом постапувал според процедурите. Мицевски е еден од 15-те пратеници од минатиот пратенички состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои Вељаноски ги предложи како сведоци. Од нив, денеска во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје се појавија осум: Освен Мицевски, тука се и Трајчо Димков, Драган Данев, Крсто Јовановски, Панчо Минов, Благица Ласоска, Магдалена Манаскова и Иван Иванов, а во текот на рочиштето во судот треба да дојде и Иван Стоилковиќ.