На 03.09.2020 околу 11.35 часот на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.И.(27) од Гостивар и Д.Г.(45) од Скопје поради сомнение дека на 29-ти минатиот месец околу 18.50 часот извршиле разбојништво во аптека на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.