Османи -Захариева: Да се интензивира политичкиот дијалог на сите нивоа

Денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

Во таа прилика, министерката Захариева му упати честитки за изборот на МНР Османи и му посака успех во вршењето на должноста.

Двајцата Министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период.

Министерот Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и евроинтегративните процеси.

 

Треба да знаете
Последни објави