Најмалку седум лица загинаа во денешниот пожар во фабрика за пиротехника во јужната индиска држава Тамил Наду.
Жртвите се шест работнички и сопственичката на фабриката, а во инцидентот се повредени уште две жени.
Полицијата информира дека пет жртви починале на самото место, а две подоцна им подлегнале на повредите.
Истрагата за пожарот е во тек.