Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, чија брзина наместа ќе надминува 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со засилен северен ветер. Максималната температурата ќе биде 26 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во пораст.