Актерката Мерием Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата Сулејман Величествениот, го чека своето второ дете, пренесуваат турските медиуми.
https://www.instagram.com/p/CB8Erx1hYPy/
Актерката има шестгодишна ќерка Лара, која ја доби во врска со 17 години постариот претприемач Кан Атес, но пред да се роди девојчето, парот ги прекина сите контакти.
Актерката го крие приватниот живот од јавноста, па не сакаше да открие кој е таткото на детето што го очекува, иако еднаш изјави дека е среќно заљубена.
https://www.instagram.com/p/B8jRtcgFvl8/
Се шпекулира дека нејзината нова љубов и татко на детето може да биде колегата Чаглар Ертугрул и наскоро ќе работат заедно на филм за бомбардирањето на Србија во 1999 година. Чаглар експлицитно побара да работи со Мерием.
https://www.instagram.com/p/CEUYqaJBDac/
Актерката, чија мајка е Германка, се пресели од Турција во Берлин поради здравствени проблеми, каде неодамна започна свој бизнис. Имено, таа отвори продавница за здрави слатки во центарот на Берлин.
Преземено од Канал5