Чупиќ: Малку на карактер, малку на искуство, малку на среќа…

Вардар обезбеди ново финале во СЕХА лигата откако беше подобар од Загреб после изведувањето на пеналите со 30:29.

Уште еднаш вардарци одиграа тежок натпревар со многу проблеми, но сепак на крајот ја остварија целта пласман во финалето. Иван Чупиќ имаше свое видување за натпреварот.

-Генерално не одигравме добар натпревар ниту во одбрана ниту во напад, некаде до 40-45 минута не функционираше ништо. Последните 15 минути и 5-1 одбраната беше добра, Борко имаше 4-5 битни одбрани. Сите знаеме како е кога се игра полуфинале и водиш цел натпревар 5-6 разлика и ќе дозволиш противникот да дојде на минус 2 во послдните минути. Малку на карактер, малку на искуство, малку на среќа стигнавме до пеналите. Финалето е финале, знаеме каде е Веспрем, а каде е Вардар во овој момент. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да го подобриме она што не беше добро денес. Имаме многи проблеми, многу дупки во нашата игра, но резултатот е тука. Сигурно нема да излеземе против Веспрем со бело знаме, сакаме да го одиграме финалето, чесно и борбено. Тоа е еден натпревар сè е можно, но мора да бидеме свесни дека ова што го покажавме денес нема да биде доволно во финалето, рече Иван Чупиќ по натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави