Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на својот Твитер профил договорот меѓу Косово и Србија потпишан денеска во Вашингтон го оцени како голем чекор напред за стабилизација на регионот.
-Чекор кон стабилизација на регионот, Црна Гора ја поздравува потврдата за заложбата на Србија и Косово да преку денеска потпишаната спогодба за нормализација на односите одат кон трајно решение во рамките на дијалогот предводен од Европската унија, напиша Ѓукановиќ.
Korak ka stabilizaciji Regiona! #CrnaGora pozdravlja potvrdu opredijeljenosti #Srbija i #Kosovo da kroz danas potpisani Sporazum o normalizaciji ekonomskih odnosa u Vašingtonu, idu ka trajnom rješenju u okviru dijaloga koji vodi #EU.
— Milo Đukanović (@predsjednik_cg) September 4, 2020