Џерард Батлер на соло прошетка во Западен Холивуд

Веста дека Џерард Батлер не е повеќе во врска со долгогодишната партнерка, дизајнерката Морган Браун, процури во јавноста пред две недели. Магазинот „Пипл“ ја потрди веста за распадот на популарната холивудската двојка по шест години поминати заедно.

А, во четвртокот сингл Шкотланѓанец, ѕвездата на „300“, беше забележан во квартот Западен Холивуд во Лос Анџелес.

Актерот веднаш стави заштитна маска кога излезе од својот џип, што е во согласност со здравствените протоколи среде пандемиј на Ковид-19.

Батлер треба да глуми во акциониот трилер Копшоп, заедно со Френк Грило, како што објавијанеколку публикации, вклучувајќи го и порталот „Дедлјајн“.Во филмот, една полициска станица во мал град станува бојно поле помеѓу професионален убиец (Батлер), паметна полицајка, и измамник (Грило) – поранешен затвореник кој бара засолниште зад решетки, бидејќи нема каде да побегне.

Треба да знаете
Последни објави