Џејн Фонда: Мака ми е што немав секс со Марвин Геј, за Че Гевара не жалам

Џејн Фонда од денешна гледна точка жали што ја одбила понудата да имаат секс со ер-енд-би ѕвездата Марвин Геј.

За време ан интервју за Њујорк тајмс, 82-годишната Фонда, актерка и активистка, се покаја што пропуштила неколкумина познати мажи во текот на години, меѓу кои и најголемата шанса.

На прашањето која и била најголемата шанса и дали тоа бил Че Гевара таа одговара: „Не, не мислам на него. Мислам на Марвин Геј. Тој сакаше, јас не сакав оти тогаш бев мажена за Том Хајден кој и ме запозна со Марвин Геј.“

Кога музичарот почина во 1984 година таа рече дека тој чувал нејзина слика закачена за фрижидерот.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави