Клиниката за пулмологија и алергологија од денеска стартува со работа во новиот објект веднаш до болницата. Во неа ќе има четири амбуланти со термински прегледи, една за итни пациенти. На самиот влез на пациентите ќе им се мери температура, ќе им ги дезинфицираат рацете и задолжително носење маски. За директорот Докиќ очекувано е да има зголемен број на пациенти пред се поради алергии и грип. Во една амбуланта дневно ќе се примаат по 12 пациенти. На клиниката дополнително ќе се лекуваат сите пациентите кои прележале ковид 19, но се уште имаат здравствени проблеми.