(Видео) Вучиќ: Трамп ми подари клучеви од Белата куќа

По потпишувањето на договорот со Косово во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите зборуваше за подароците што ги добил од американскиот претседател Доналд Трамп – пенкало, порака на хартија и, како што рече, клучеви од Белата куќа.

„Ова е пенкало што ќе го чувам за себе, го добив од Доналд Трамп. Тој ми го даде и мене …”, започна Вучиќ, на што еден од новинарите го праша дали со тоа пенкало го потпишал договорот со Косово.

-Не, не, не, само претседателот Трамп потпишува со ова пенкало. И тој ми го даде тоа пенкало, како што ми напиша порака на парче хартија … и сега ја барам таа порака, да не ја објаснувам“, рече Вучиќ, а потоа некој од страна спомена клучеви, на што Вучиќ додаде:

„И ги добив клучевите од Белата куќа, тој (Трамп) ми рече: ‘Ова е за да можете секогаш да влезете во Белата куќа’“, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави