Двегодишно скопјанче се удави во канал за наводнување кај Градско

Двегодишно дете доцна синоќа се удави во канал за наводнување во селото Долно Чичево, кај Градско. Детето, кое било жител на скопската населба Шуто Оризари, во каналот го забележал неговиот татко околу 20 часот, кога и пријавил во полиција.

„На 03.09.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на село Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населба Шуто Оризари, Скопје. Лекар од населба Градско костатирал смрт, без траги на насилство“.

Двегодишното дете било заедно со својот татко, кој во атарот на селото Долно Чичево бил ангажиран за берба на грозје. Според информации на Телевизија 24, таткото околу 19 часот отишол до продавница до блиската населба Градско, а детето го оставил со другите работници. Во еден момент, играјќи си, тоа се оддалечило од групата и паднало во каналот за наводнување. Никој не го забележал, па не можел ниту да му помогне. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина, а на местото на настанот е извршен увид.

Треба да знаете
Последни објави