Тетовката Наташа Апостолска која пред речиси две години во сообраќајна несреќа го загубила својот сопруг и нероденото бебе е незадоволна од пресудата која денеска ја донела судијката Елена Илиевска од Кривичниот суд во Скопје. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов.
Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!
— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) September 4, 2020
Судијката Елена Јосифовиќ одлучила да досуди само условна казна за возачот на џипот, кој патем ја признал вината и пред судот не се бранел дека е невин. Таа дополнува дека обвинетиот не ни дошол да сеи ја слушне кзната, па дури излегува и дека тој испаѓа жртвата.
Со слична реакција се јави и таткото на починатиот. Вели дека уште пред изрекувањето на пресудата биле предупредени да останат смирени.
-Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата треба да останеме смирени бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа оти многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда на сите отежнителни и олеснителни околности. Пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Така што, сега кој е кој? Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи, што уништи фамилии е слободен. Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме. Не знам што да напишам, а имам многу за кажување. Ама дека нема да биде осуден ниту еден ден, ниту да биде притворен за тешки дела во сообраќајот не можев да верувам. Браво за судиите, Господ на сите нека им пресуди, напиша таткото Зоран на Фејсбук.