Почна судењето за 27 април. Прв сведочи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш по него ќе сведочат уште 14 пратеници меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Лилјана Кузмановска, Драган Данев, Панчо Минов, Благоја Деспотовски и други.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.