Меси останува на „Камп Ноу“ под услов крајсебе да го има и најдобриот пријател Суарез

На приказната за заминувањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси од редовите на Барселона и доаѓа крајот. Аргентинскиот виртуоз со топката Лео и неговиот татко кој деновиве ги водеше преговорите со челниците на Барселона се согласил да остане уште една сезона на „Камп Ноу“, но под еден услов крајсебе во тимот да го има  својот најдобар пријател Уругаецот Луис Суарез.

Како што пренеусваат медиумите во Шпанија и Италија двоецот Меси – Суарез е неразделен откако почна турбулентниот период во Бараселона.

Суарез  кој беше првиот на листата играчи на кои новиот тренер Роналд Куман им соопшти дека нема да смета во новата сезона, во меѓувреме ги договори личните услови со Јувентус. Тренерот на „старата дама“ Андреја Пирло го посакува Суарез во тимот покрај Пауло Дибала и Кристијано Роналдо. Јувентус е подготвен да ја исплати полната плата на Суарез од 15 милиони евра годишно.

По ова едно е јасно дека претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ќе мора да ја исполни желбата на Меси и да го згази кажаното од тренерот Куман дека нема да му треба Суарез.

Треба да знаете
Последни објави