СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Н.(20) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 24.08.2020 година на Граничниот премин Табановце, пријавениот со товарно возило со приколка влегол во Република Северна Македонија, при што пред надлежните царински органи го пријавил за царинење само патничкото возило „пасат“, кое било на приклучното возило, без да ја пријави останатата роба од поголема вредност.