Таравари: Владата се одмаздува, СДСМ молчи за каубоите на ДУИ

Алијансата за Албанците ја обвинува владата на СДСМ и ДУИ дека секојдневно врши притисок врз трите општини предводени од оваа партија.

Според генералниот секретар на АА и градоначелник на Гостивар, Арбен Таравари се соочуваат политичка одмазда или противзаконска агресија. Тој информираше дека Просветниот инспекторат, Финансиската полиција, телата за откривање организиран криминал и разни други владини институции постојано, како што рече, брутално ја напаѓаат локалната власт во Гостивар, Врапчиште и Боговиње.

– Човек добива впечаток дека целиот криминал во Македонија е во Пологот на Алијанса за Албанците. Сите очекувавме да се најде куферот на Боки 13 со околу 1,5 милиони евра или колку беа или да се реши случајот„ Маџар Телеком “ кој имаше правен исход во Судот во Њујорк. Сметавме дека до денеска ќе се решеа случаите со Ден Дончев, случаите со каубојци на свадбите и многу други случаи за кои е загрижен и националниот фактор и релевантните меѓународни институции, рече Таравари.

Таравари најави дека за сите случаи ќе ги информираат меѓународните институции во државава, како што рече, неправдите, притисоците, политичката одмазда и злоупотребата на власта.

Треба да знаете
Последни објави