Во чекување да се огласи еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси и да соопшти дека останува во Барселона уште една година, до медиумите писмо исрати неговиот татко Хорхе Орасио Меси, кој и наедно му е негов менаџер.
„Ла Лига“ излезе со толкување дека Лео не може да ја напушти Барселона како слободен играч.
-Не знаеме кој договор е анализиран и врз којa основа се тврди дека содржи „клаузула за раскин“, која се активира во случај играчот да одлучи да ја искористи опцијата еднострано да го раскине договорот на крајот на сезоната 2019/20.
Ова е очигледна грешка на „Ла Лига“ Клаузула 8.2.3.6 од договорот потпишан од играчот и клубот буквално вели: „оваа компензација нема да се примени доколку договорот е еднострано раскинат на крајот на сезоната 2019/20.
Во тој случај, јасно е дека клаузулата од 700 милиони евра повеќе не важи – стои во писмото напишано од таткото Хорхе Меси.