Ѓукановиќ: Договорот меѓу Србија и Косово е чекор кон стабилизација на регионот

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на својот Твитер профил договорот меѓу Косово и Србија потпишан денеска во Вашингтон го оцени како голем чекор напред за стабилизација на регионот.

-Чекор кон стабилизација на регионот, Црна Гора ја поздравува потврдата за заложбата на Србија и Косово да преку  денеска потпишаната спогодба за нормализација на односите одат кон трајно решение во рамките на дијалогот предводен од Европската унија, напиша Ѓукановиќ.

Треба да знаете
Последни објави