39-годишен маж се ранил со огнено оружје во двор на џамија во сараевската населба Гладно поље за време на молитва.
Човекот чии иницијали се К.И. бил пренесен во Здравствениот дом во Илиџа, а потоа и во болница во Кошево, каде му биле констатирани полесни повреди, пренесува „Независне новине“.
Од Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон соопштија дека за настанот бил информиран и кантоналниот обвинител во Сараево, кој наредил увид на местото на употреба на оружјето и на местото каде што е пронајдено возилото „сеат“, како и претрес на самото возило.